ИЗБОРИ: Бројот на гласачи за една година нагло се зголемил
Бројот на гласачи од парламентарните избори во 2014 година до декември минатата година се зголемил за речиси 20.000 граѓани, пренесе Мета.
Ако во 2014 година имало 1 780 000 гласачи, сега тој број е зголемен на 1 800 011, покажуваат информациите од ДИК од последното ажурирање на списокот во декември минатата година е 1.800.011.
Според процената на населението направена од Државниот завод за статистика, во Република Македонија има 2.067.471 жители, а според студијата „Преглед на светската популација“ (World Population Prospects) во Македонија во 2015 година имало 2.078.000 жители.
Од 2011 до 2013 година имало намалување за околу 80.000 до 85.000 гласачи, а за изборните циклуси 2013 до 2014 година зголемување од 30.000 до 35.000 гласачи. Неофицијално од Државната изборна комисија велат дека токму на ова прашање треба да даде одговор статистичката проверка на избирачкиот список, но дека засега не може да коментираат.
Слично
