Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗБОРИ 2014: Политичка криза – вовед во ново економско назадување?

ИЗБОРИ 2014: Политичка криза – вовед во ново економско назадување?
Како, кој и кога ќе го формира новиот парламентарен состав? Како ќе изгледа распоредот на политичките сили во новата Влада? Дали земјата е пред праг на политичка криза која ќе биде увертира и за економска криза? Серија на прашања се отворија по постизборната политичка разврска, откако опозициската СДСМ објави дека не ги признава изборните резултати. Економистите велат дека токму политичката стабилност, е дел од корпусот на фактори од кои зависи и вкупниот курс на економијата. Се доведуваат ли во прашање очекувањата за влез на странски инвестиции, кредитниот пораст оптимистичката проекција за раст на БДП? Економијата во заложништво на политиката! Можната постизборна политичка криза ќе се рефлектира врз повеќе сегменти од економијата, оценуваат експертите. Неизвесниот политички амбиент ќе влијае врз одлуките на странските и на домашните инвеститори, врз вкупните проекции за раст на Бруто Домашниот Производ и врз кредитната активност – велат аналитичарите. “Со самото тоа што изборите завршија без подавање на рака се отвора сомнеж за тоа како целата политичка состојба ќе се одрази врз економијата. Кај капиталот, односно кај бизнисот легитмно се отвораат повеќе прашања, дали и како ќе се формира новиот парламентарен состав, каква ќе биде безбедносната состојба, што ќе значи апсулатна власт, која секако не води кон демократија туку не оддалечува од демократијата“ - вели за “Фактор“ аналитичарот Зоран Витанов. Прв негативен сигнал ќе биде испратен до домашните и странските иневститрои, оценува академик Абдулменаф Беџети. “Малите економии, особено ние, во пракса се покажа дека се многу сензитивни на така наречена политичка нестабилност и тоа се одразува преку повеќе димензии, прд се за привлекување на странски инвестиции, преземање на зафати на домашните иневститори. Мислам дека оваа состојба уште повеќе ќе го отежнува бизнис амбиентот за нови зафати и за нови циклуси, особено што макроекномската состојба, пред се во фискланите политики е доста сензитивна во овој период кога ние ги ангажиравме односно речси си ги потрошивме потенцијалите што беа предвидени за оваа фискаална година. “ Гувернерот Димитар Богов воздржано ја коментира постизборната разврска, но посочува дека Народната Банка ќе продолжи да води политики за одржување на стабилна економска клима. “Не би ги коментирал политичките случувања  по изборите,  сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана како и стабилноста на банкарскиот систем. Во секој случај мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики. НБРМ е тука во секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија. И тоа ќе го правиме, изјави Богов одговарајќи на новинарски прашања на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „на патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“ - изјави гувернерот Богов. Постизборни економски очекувања .... Секоја одлука за инвестиции зависи пред се од политичката па потоа и од економската стабилност на една држава. Без тоа – не можеме да сметаме на одржливи вложувања- коментираат аналитичарите. “Се плашам дека на економски план не не очекува прогрес. Некои од инвеститорите ќе ги реализираат плaновите за влез во Македонија, но нивните одлуки се полуполитички и полуекономски. Дел од инвеститорите веќе имаат договори кои им обезбедуваат одредени бенефиции и заштити, тоа се “кајмакособирачи“, а не инвеститори што препознаваат либерален пазар. Токму и поради ова не очекува зголемување на вработеноста, односно позначајно намалување на невработеноста. Ова е е една димензија на можната политичка димензија.“ - вели Витанов и додава : “Очекувам дека ќе продолжи и политиката на скап денар што и натаму, според мене нема да овозможи зголемување на производството и на извзото а тоа пак би значело раст на трговскиот дефицит што секако ќе влијае врз ликвидноста на вкупната економија. Затоа сметам дека идната власт треба да размисли за можноста од воведување на флуктуирачки курс на денарот што ќе го поттикне домашното производство, ќе ја зголеми конкурентноста. Скапиот денар останува “рак-рана “ на економијата“ - смета Витанов. Професорот Беџети вели дека дополнителен проблем за оваа економска година можат да бидат и сегашните буџетски позиции, односно темпото на трошење на буџетските пари. “Не би сакал да шпекулирам, но доколку дојде до формирање на техничка влада, пред се ќе ни биде потребен ребаланс на буџетот. Дури и без ваква околност, ребалансот на Буџетот ќе биде непоходен. За една четвртина од годината ние потрошивме три четвртини од буџетскиот дефицит. Од друга страна, постизборно можно е опаѓање на приходите во буџетот бидејќи тие беа исфорсирани во текот на предизборието. Само да потсетам дека стапува на сила Законот за финансиска дисциплина а претпријатијата се во голема неликвидност. Од трета страна кредитирањето е многу забавено. Сите овие елементи укажуваат дека макроекономскиот амбиент во делот на заживување на економијата не е баш оптимистички и најдобар и ако на тоа се додадат состојбите дека евентуално ќе се создаде техничка влада, таа тешко може да реализира ребаланс , односно одржлив ребаланс. Може да се направи некаков технички ребаланс на буџетот.“ - смета професорот Беџети. Тој се сомнева дека во амбиент на можна политичка неизвесност може да се испорачаат, односно остварат сегашните проекции за економски раст. “Тоа ќе биде многу тешко, ќе треба да се идентификува друг потенцијал, па дури и за да се превземат други мерки за да се оставри стапката на раст на БДП прокетирана за оваа година. Може ќе требаат повеќе експанзивни мерки, односно поголеми задолжувања од странство, како што беше Еврообврзницата. Сега не ни останува ништо друго, откако ги исцрпивме внатрешние потенцијали преку здаолжување на домашен терен. Состојбата не ни е оптимистичка“ - заклучува академик Беџети. Мирен амбиент по избори е значаен за спроведување на економските политики, смета гувернeрот Богов. “Мирен амбиент по изборите е најдобар за спроведување на економските политики и раст, но Народната Банка е тука з апод секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија и тоа ќе го правиме“ - изјави гувернерот. Народната Банка најави ревидирање на економските показатели за две недели, а како може ризик кој ќе биде земен во пердвид е Руско-Украинската криза. Дали, како и колку постизборниот амбиент во Македонија ќе влијае врз сешаните проекции, допрва ќе се анализира. А.Д.
Слично

Поврзани вести