ИЗБОРЕН БИЗНИС: ДИК купува 15.000 маркери за да ги бележи гласачите!
Државната изборна комисија ќе кора да набави 15.000 маркери за обележување на гласачите на претстојните претседателски избори. Согласно измените во Изборниот законик, македонските гласачи за првпат ќе мора да бидат обележани со видливо наместо со невидливо мастило.
„Ова видливо мастило треба да биде во вид на маркер пенкало, да остава видлив отпечаток на површината на која се нанесува, да има трајност на отпечатокот од најмалку 24 часа по нанесувањето, да не може да се избрише со алкохол, ацетон, хидроген или други средства за бришење. Мастилото да е брзосушечко, да е антиалергиско, односно да не е штетно по здравјето. Секој маркер да може да се користи за најмалку 500 гласачи, во составот на мастилото да има 20 отсто сребронитрат и боја и отпечатокот да биде со црна боја“, изјави членот на ДИК Виолета Дума.
Маркерите ќе мора да бидат набавени до крајот на март, за да стигнат навреме за првиот круг од претседателските избори закажан за 13 април. Специјалните маркери ќе се набавуваат од странство, оти во Македонија никој не ги произведува. Заради кратките рокови договорот за набавка ќе се склучи без јавен оглас, со директно преговарање.
На маркерот ќе го има логото на ДИК, а ќе биде заштитен од фалсификување и со посебна лозинка која ќе биде доставен само до претседателот на Државната изборна комисија.
Со видливо мастило во регионот се гласаше во Албанија, на последните парламентарни избори.
Слично
