Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избирачкиот список „врие” од лажни гласачи, граѓаните реагираат на социјалните мрежи

Избирачкиот список „врие” од лажни гласачи, граѓаните реагираат на социјалните мрежи

Реакциите за починати, иселени и „фантомски“ гласачи на Избирачкиот список, не стивнуваат откако Државната изборна комисија ја промовираше веб-апликацијата за проверка на гласачите.

Граѓани на социјалните мрежи пишуваат дека на нивните адреси живеаат луѓе кои тие не ги познаваат, дека на списокот има починати лица и дека има лица кои повеќе години се иселени од Македонија. Освен тоа, забележани се и фиктивни влезови, станови, напуштени куќи, по 50-60 лица во еден стан, како и стари имиња на улици.

Најчесто се укажува на тоа дека на списокот на секоја од улиците Максим Горки, Димче Мирчев, Васил Ѓоргов и Киро Крстевски-Платник во центарот на Скопје има барем по еден стан со 60 регистрирани станари.

maksim gorki 2

На социјалната мрежа „Твитер“ се појави хаштаг #СеПоСписок на кој се твита за нерегуларностите што ги откриваат граѓаните при проверката на списокот. 12789846_10207435280073228_607977912_o (1)i   12789846_10207435280073228_607977912_o (1)11 12787314_10207435280113229_1148787421_o    

Додека во јавноста се откриваат фалинките во избирачкиот список, започна и вкрстената проверка на податоците од десет државни институции, која треба да заврши кон почетокот на наредната недела.

Прочистувањето на избирачкиот список беше една од клучните точки од Договорот од Пржино, а треба да биде ставен на увид на 17 април доколку предвремените парламентарни избори се одржат според сега предвидениот термин, на 5 јуни.

Слично

Поврзани вести