Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избирачкиот список е следниот предизвик за преговарачите

Избирачкиот список е следниот предизвик за преговарачите

Четири политички партии од утре продолжуваат со преговорите. По изборот на специјалната јавна обвинителка, следниот предизвик е да се дефинира изборната регулатива.

На преговарачката маса од утре ќе се разгледуваат прашањата за редефинирање на составот и надлежностите на ДИК, прочистувањето на избирачкиот список и гласањето на дијаспората.

Изворите од партиите велат дека засега има мало приближување на ставовите за составот на ДИК да има по тројца членови од опозицијата, власта и редовите на експертите.

Според договореното, ДИК ќе добие зголемени ингеренции за да обезбеди фер и слободни избори, а рокот е 30 септември.

Прашањето кое го предложи опозицијата за една изборна единица се чини е затворено, па се укажува дека на следниве избори ќе се гласа според актуелниот модел. Несогласувањата за гласањето на дијаспората се уште се голем проблем.

Овие прашања треба да се решат до предвидениот рок за да се запази договорот од Пржино.

До Нова Година, владата на чело со Никола Груевски треба да си поднесе оставка за да се формира преодна влада. На чело на новата влада ќе застане член од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде премиер до предвремените избори на 24 април идната година.

Слично

Поврзани вести