Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изберени новите министри за преодна влада, што им порача Груевски ?

Изберени новите министри за преодна влада, што им порача Груевски ?

Официјално новите министери кои ќе управуваат со министерствата согласно договорот од Пржино се изберени. Тие дадоа свечена заклетва.

Од денеска министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски кој е генерален секретар на СДСМ, потпретседателката на оваа партија Фросина Ременски е нов министер за труд и социјална политика, додека од редовите на владеачката партија Марта Арсовска Томовска е изберена за информатичко општество.

Собранието ги констатираше оставките на досегашните министри Митко Чавков и Диме Спасов.

Премиерот Груевски во обраќањето по прогласувањето на новите министери истакна дека очекува да работат посветено и одговорно.

Груевски посочи дека очекува да не ја кочат работата и проектите на Владата, и  да не ги злоупотребуваат министерските функции во партиско политички цели.

Тој нагласи дека будно и внимателно ќе го следи нивното работење и однесување, ќе соработува со нив а и ќе реагира соодветно доколку бидат прекршени законите.

Во моментов во Собранието се расправа за замениците министри кои исто така ќе бидат од партијата на Заев. Кире Наумов ќе настапува на позицијата заменик-министер за финансии, Љупчо Николовски ќе биде заменик-министер за земјоделие, додека заменик-министер за информатичко општество и администрација ќе биде Александар Кирацовски.
Слично

Поврзани вести