Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изберен градител на гасоводот ТАП во Грција и Албанија

Изберен градител на гасоводот ТАП во Грција и Албанија

Италијанско-француски конзорциум го доби тендерот за изградба во Грција и Албанија на копнениот дел на Трансјадрениот гасовод (ТАП), јави грчката агенција АНА-МПА.

„Bonatti-AVAX“ го презема делот од Кавала до грчко-албанската граница долг 360 километри, а „SPIECAPAG“ ќе ја гради делницата од грчко-турската граница до Кавала, како и две делници во Албанија со вкупна должина од 215 километри.

Претходно оваа недела Европската комисија објави дека проектот за гасоводот што ги поврзува во грчка и албанска територија транзитните мрежи на Турција со оние на Италија, ги исполнува барањата на ЕУ и може да започне неговата изградба.

Цевката ќе транспортира гас од Каспискиот регион преку Турција и Грција до Италија. ТАП е разгледуван како алтернатива за Европа на руските гасни испораки.

Се очекува градежните работи да започнат во средината на 2016 година.

Слично

Поврзани вести