Економија, финансии, бизнис

Контакт

Избегната голема трагедија во Грција - Спасена група од над 60 мигранти

Избегната голема трагедија во Грција - Спасена група од над 60 мигранти

Во Грција е спречена голема трагедија со нелегалниот превоз на мигрантите кои и покрај засилените безбедносни мерки решиле да си ја пробаат среќата и нелегално да ја преминат границата со Турција. 

Според официјални информации грчката гранична полиција спасила 64 бегалци и мигранти, меѓу кои и деца, кои биле заглавени во коритото на реката Марица. Лицата патувале од Турција.

Посредници се обиделе да ги транспортираат со чамци до Грција, но не е јасно зошто мигрантите биле оставени рано изутрина на островче во средината на реката во близина на селото Филакто.

На лицата им била укажана медицинска помош. Тое ќе бидат пренесени во бегалски кампови согласно предвидените процедури.


Слично

Поврзани вести