Избеганите турски војници со хеликоптер вратени од Грција во Турција
Грција синоќа и го предаде на Турција хеликоптерот со кој вчера наутро, по неуспешниот обид за државен удар, во Александрополис пристигнаа осум војници, јави грчката телевизија ERT.
Со друг воен хеликоптер во Грција пристигна турски резервен екипаж, по што двата хеликоптери одлетаа кон Турција за воената база Гелиболу. Прашањето за осуммината војници кои побараа азил во Грција, прашањето за нивната екстрадиција ќе се разгледува во согласност со грчката и меѓународното право. Турција инсистира на итна екстрадиција, затоа што се вмешани во обидот за државен удар.
Министрите за надворешни работи на Турција и Грција, Мевлут Чавушоглу и Никос Коѕиас, се договориле за нивно враќање во Турција.
„Зборував по телефон со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас: осуммината предавници избегани во Грција ќе бидат вратени што е можно поскоро“ - на Твитер напиша Чавушоглу.
Со хеликоптер војниците избегаа во Грција и веднаш побараа политички азил.
Обидот за државен удар беше неуспешен, имаше голем број жртви, разрешување на судии, апсење на војници, а целта беше да се урне од власт турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
