Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изабел Дингисан во посета на Македонија – ќе говори за родова еднаквост

Изабел Дингисан во посета на Македонија – ќе говори за родова еднаквост

Заменик-спикерот на Парламентот на Кралството Шведска, Изабел Дингисан денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија.

Посетата се реализира на покана на Македонското собрание.  Дингисан ќе се сретне со Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, со пратеничката група од Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Кралството Шведска и со Даниела Рангелова, претседател на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Се планира таа  да се обрати на седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

„Родовата еднаквост е неопходен предуслов за демократскиот развој. Затоа е важно Собранието, како централна институција во демократското уредување, да го има ова прашање високо на својата агенда и во својата работа“ - смета Дингисан.

Дингисан е член на Шведскиот парламент од 2006 година и доаѓа од редовите на Зелената партија. Ангажирана е за унапредување на еколошката агенда, и во тој контекст и на зелена и одржлива иновација. Дингисан е и трет заменик спикер на Шведскиот парламент и како дел од тој мандат работи на родовите прашања во Шведскиот парламент.

Слично

Поврзани вести