Економија, финансии, бизнис

Контакт

iVote прогласен за национален иновативен шампион на Европските бизнис награди

iVote прогласен за национален иновативен шампион на Европските бизнис награди
iVote, македонската ИТ компанија лидер во регионот за изборни решенија, системи за електронска трговија и електронско учење, е избрана за Национален шампион на Македонија на Европските бизнис награди 2014/15. Овој настан е спонзориран од РСМ, глобална мрежа составена од ревизорски компании и компании од областа на даночното право, со цел да ги промовираат просперитетните и иновативни компании од Европа. iVote како брзо растечкa ИТ компанија која воведе револуција на избирачките места ширум светот, во конкуренција со најдобрите национални бизниси од Македонија, ја освои наградата во категоријата UKTI иновации. Над 24 000 компании од 33 европски земји беа евалуирани од страна на професионални истражувачи. 709 компании се прогласени за национални шампиони и влегуваат во втората фаза од натпреварувањето. „Ние сме горди на оваа престижна награда. Да се претставува не само нашата компанија, туку и нашата земја на Европските бизнис награди е одговорна и предизвикувачка заложба. Постојаната посветеност за иновативни решенија не донесе во улога на национален шампион на натпреварот, како претставник на Македонија во категоријата на UKTI иновации. Во следната фаза ќе ги презентираме нашите досегашни многубројни достигнување и бизнис потенцијалот на iVote за меѓународен раст” - изјави Сашо Јовановски, Генерален директор на iVote. “Честитки за iVote, ова е големо достигнување да се биде именуван за национален шампион и ви посакуваме среќа во следната фаза“- рече Адријан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди. “Европските бизнис награди чекор по чекор ги инспираат бизнисите кон поголем успех и им помагаат во подобрување на конкурентноста на компаниите во Европа." Жан Стивенс, директор на RSM International изјави - „Секоја година сè повеќе компании од различни сектори и големини земаат учество на натпреварот, при што конкуренцијата станува сè потешка. Со зголемување на бројот на земји учеснички, оваа година изгледа дека натпреварот ќе биде доста тежок. Ќе биде возбудливо да се види како ќе се одвива следната фаза." iVote е водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. Прогласена е за победник на европскиот инвеститорски натпревар во категорија на ИКТ компании (en. European Venture Contest EVC 2013). iVote Демокра е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент. До денес, повеќе од 116 милиони гласачи ширум светот и веруваат на Демокра технологијата.
Слично

Поврзани вести