Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВО ИВАНОВСКИ: Најуспешен министер вклопен во македонското сивило?!

ИВО ИВАНОВСКИ: Најуспешен министер вклопен во македонското сивило?!
Иво Ивановски според едни е можеби најуспешен македонски министер, според други, дел од луѓето што се вклопил во сивилото на нетранспарентноста. Најчесто е на мета на медиумите и политичките противнници поради конроверзниот проект „Компјутер за секое дете“. Најмногу е фален што спроведе низа суштински реформи во делот на информатичката технолгија. Контроверзи Проектот „Компјутер за секое дете“ беше остро критикуван во јавноста бидејќи нема прецизни податоци колку компјутери точно се набавија, колку од нив се употребуваат, а колку се надвор од функција и скапуваат во подрумите, дополнително беше на удар на јавноста и поради тоа што дел од компјутерите лошо се одржуваа. Досега проектот,  според податоците што ги објавуваа медиумите.ја чинеше државата околу 39,1 милиони евра. За проектна документација - 500.000 евра. Инсталацијата чинеше 9 милиони евра. Првата пратка компјутери чинеше 21 милион евра, а втората пратка 8,6 милиони евра. Дополнително неколку години по тоа голем број од компјутерите се надвор од функција, а во некои школи речиси и да не проработеа. Се на се премногу контроверзи во една, во основа добра идеја. Успеси Сепак како министер за информатичко општество и администрација, Ивановски направи крупни реформи во овој сектор. Тука спаѓа проектот за интероперабилност, односно поврзувањето на сите државни институции. Со тоа граѓаните добиваат поефикасни и поквалитетни услуги. Се имплементираше четвртата генерација на мобилна телефонија, а се зголеми пенетрацијата на широкопојасниот интернет, како во домаќинствата така и во приватниот сектор. Во 2006 година кога Ивановски станува дел од тимот на премиерот Груевски, само 9 проценти од Македонските граѓани користеа интернет. Денес на интернет е речиси 70 проценти од населението, а Македонија високо котира во на светската информатичка мапа. Ова се разбира не може да биде конкретен репер за успешноста, затоа што на едно ниво била тогаш технологијата, а на друго е сега, но поддржувачите велат дека негови заслуги за ова сепак има. Ивановски како министер даде поддршка за развој на електронската трговија преку отворањето на е- продавници, воведувањето на светскиот сервис за онлајн плаќање PayPal, како и воведувањето на голем број електронски услуги кои се дел од проектот е- Влада, со кои граѓаните можат по електронски пат да ги добијат сите услуги. Каде продолжува: Министерот за администрација и информатика, Иво Ивановски, за кој синоќа МТВ јави дека ја напушта владата заминува на одговорна функција во меѓународна приватна компанија, најверојатно од  септември се сели во Софија, Бугарија, јави Либертас. Според извори на порталот, тој ја прифатил понудата да биде извршен директор на Мтел Бугарија за Балканот. Инаку, оваа бугарска компанија деновиве целосно ја откупила нашата Близу. Факти: М-р Иво Ивановски е роден во Битола на 10 јануари 1978 година. Во 2001 година дипломирал во областа на информатички науки и компјутерско инженерство на Државниот Универзитет Охајо, во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжил на Франклин Универзитетот, каде во 2003 година се здобил со магистерска диплома во областа на компјутерските науки. За време на неговиот престој во САД, тој бил менаџер на ИТ секторот во компанијата „Plaskolite Incorporated“, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот. На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски е именуван од Претседателот на Владата на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество. На 1 август 2008 година, е избран за Министер за информатичко општество. На 28 јули 2011 година, министерот Ивановски по трет пат е избран за Министер за информатичко општество и администрација. Во јуни 2010 година, тој е именуван за Комесар во Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој на Меѓународната телекомуникациска унија и UNESCO. Во својата кариера, Иво Ивановски бил Претседавач на 5-тиот Светски форум за телекомуникации и информациско – комуникациски технологии во 2013 година во Женева, Швајцарија Од страна на Меѓународната телекомуникациска унија му е доделен Сребрен медал и сертификат за неговиот „особен придонес“ во телекомуникациите.  
Слично

Поврзани вести