Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивица Боцевски: Ситуацијата е или – или. Или Груевски или Заев!

Ивица Боцевски: Ситуацијата е или – или. Или Груевски или Заев!
Според мене политиката ќе биде целосно замрзната се додека не се разрешат сите детали околу овoj случај. Премиерот најави дека ќе одговори на сите прашања, така што да почекаме и да видиме што ќе биде претставно пресудaтa на јавноста. Влоговите сега се кренати мошне високо, така што на крајот од оваа приказна ќе остане или Груевски или Заев. Сметам дека Заев лесно се импресионира од приказни на разно разни мрачни и матни типови.  Дали е ова крај за политичките кариери на Груевски или Заев? Не верувам. Ова е ситуација  или или. Со тоа што пак ќе кажам дека Заев нема капацитет да се носи со претседателската позиција на СДСМ, што пак значи иден премиер на државата. Сметам дека Заев лесно се импресионира од приказните на разно разни мрачни ликови во Македонија. Ги видовме стратегиите и на двајцата. Логиката на премиерот е дека со најавите на „бомбите“ ќе се удри по него и ќе се наруши неговиот личен интегритет и неговиот интегритет како политичар. Со вчерашните настани сметам дека тој сака да излезе пред јавниста и да ги расчисти сите дилеми. Логиката на Заев пак е дека за Македонија најопасно е да остане Груевски на власт и да ги убеди сите дека Груевски е неморален, корумпиран и дека ја носи Македонија во пропаст. Не може да се точни двете логики. Значи една логика е исправна. Но, ќе почекаме, ќе видиме во наредионот период која од овие две логики е точна. Ќе почекам да видам и со студена глава да донесам свој заклчучок чија логика е исправна. Но, пак ќе повторам Заев лесно се импресионира од приказни на разно разни мрачни и матни типови. За содржината на „бомбите“ Ништо од тоа не ме плаши. Извонредно е што тоа ќе излезе на виделина.
Слично

Поврзани вести