Ивица Тодориќ за десетина дена ќе биде екстрадиран во Хрватска
Oд Британија основачот и поранешен сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ во рок од десетина дена ќе биде испорачан на Хрватска, одлучи судија од Високиот суд во Лондон.
Судијата Данкан Узли, по расправа за жалбата од адвокатите на Тодориќ одлучи дека нема основа за одобрување на жалбата на одлуката за екстрадиција. Со денешната одлука на Судот во Лондон, првостепената одлука станува правосилна и следува негова екстрадиција во Хрватска.
Со денешната одлука на Судот во Лондон, првостепената одлука станува правосилна и следува негова екстрадиција во Хрватска.
Тодориќ избега во Лондон откако почна истрагата за криминалот и корупцијата што ја потресе хрватската држава.
Слично
