Ивица Коневски избран за најдобар градоначалник во Скопје
Ивица Коневски, градоначалникот на Општина Аеродром, е прогласен за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година. Веднаш по него според бројот на гласови е градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, а трета е градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец.
Исполнување на дадените ветувања, грижата за општината и потребите на граѓаните беа основните параметри врз основа на коишто граѓани го даваа својот глас.
„Ова признание и поддршка за мене претставува големо задоволство и поттик, но исто така и голема обврска да продолжиме со исто темпо и да реализираме проекти коишто се во интерес на Општина Аеродром“, изјави Коневски.
Изборот за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година беше спроведен од страна на интернет порталот СкопјеИнфо преку јавна анкета на која гласаа граѓаните. Организаторот, вели дека ова е најуспешната онлајн анкета спроведена во Македонија со повеќе од 25 000 гласови.
„Нашата примарна функција е информирање на граѓаните и токму во тој контекст ја создадовме оваа анкета, покрај информираноста на граѓаните да им дадеме можност да се изразат, да го кажат своето мислење но исто така и да ја покажат моќта што ја имаат, затоа што тие се оние што избираат, потсетуваат и предупредуваат на пропустите. Анкетата ќе ја спроведеме и следната година со избор на Најуспешен градоначалник во Скопје за 2014 година“, соопшти организаторот СкопјеИнфо.

Слично