Ивановски: Ќе бидеме секаде каде што ќе се манифестира отпорот против режимот
Ако власта сака, а таа е на потег, ние велиме одиме на избори, да му ги вратиме сите мандати на народот, па тој нека одлучи на кого ќе му даде легалитет и вистински мандат. Власта ако сака избори треба да се договори со нас, да одиме на предвремени, слободни парламентарни избори. Ние како пратеници имаме добиено мандат од граѓаните, да го браниме Уставот и Законите и да ги застапуваме нивните интереси во Собранието на Република Македонија, изјави денеска Игор Ивановски од СДСМ.
-Но, по насилното и брутално исфрлање на опозициските пратеници од законодавниот дом, режимот таквото делување го оневозможи. Собранието во овој состав постои само на хартија, бидејќи режимот ја суспендираше парламентарната демократија. Затоа, ние ќе продолжиме да ги браниме интересите на граѓаните и демократијата, но надвор од институциите кои неповратно го изгубија својот легитимитет, сѐ додека истиот не се поврати преку слободни и фер предвремени парламентарни избори“, истакна Ивановски.
Тој посочи дека нормално и логично е пратениците да бидат први на барикадите на отпорот тогаш кога режимот ги укина институцииите.
-Сега сме на оваа раскрсница и ќе бидеме секаде каде што ќе се манифестира отпорот против режимот. Остануваме доследни на својата примарна цел - враќање на демократијата во земјата, и како што гледате од таа цел нема да отстапиме“, вели Ивановски.
Слично
