Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинувања за непотистички кланови и лично богатење, вжештена релација СДСМ – ВМРО ДПМНЕ!

Обвинувања за непотистички кланови и лично богатење, вжештена релација СДСМ – ВМРО ДПМНЕ!
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се судрија, чиј непотизам е поголем, оној на власта или оној во опозицијата. Барања за извинување, одговори и контраобвинувања, кој во македонското општество има поголема фамилија, Груевски или Заев? „Целата јавност веќе го дознава скандалозниот системот на чија основа Зоран Заев креирал бизнис империја. Тој систем се вика Октопод. Политиката е само негов начин како да дојде до пари за фирмите од неговата фамилија. Време е Зоран Заев да ја прифати моралната одговорност и да и се извини на македонската јавност“ – порача Иво Ивановски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. Општина Струмица го има најголемиот тендерски скандал во Македонија. 138.766.399 денари е вредноста на 29 јавни набавки кои до сега беа презентирани на јавноста, а ги доделил Зоран Заев и директорите кои тој ги поставува на фирми кои се во директна фамилијарна и сопственичка поврзаност со нив, изјави Ивановски . „Општина Струмица и нејзините општински институции, да сублимираме, давале јавни набавки на фирми во кои сопственици се или биле: таткото на Зоран Заев, чичкото на Зоран Заев, братот на Зоран Заев и на неговиот бизнис ортак, братучедот на Зоран Заев, стрината на Зоран Заев, братучетката на Зоран Заев, снаата на Зоран Заев. СДСМ прашува, кој е најголемиот непотизам во земјата? Не е ли непотизам и судир на интереси назначувањето на првите братучеди и кумот на премиерот Груевски за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија, преседан незабележан во поновата политичка историја на Европа, праша СДСМ. „Дали Сашо Мијалков,братучедот на Никола Груевски се стекнал со фантастични една милијарда евра? Како Гордана Јанкулоска,Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати? Дали Груевски, Мијалков и Ставрески се мозокот на операцијата во којашто, во последниве 7 години, се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови?“ праша СДСМ преку соопштение. На темата чест и морал, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со Никола Груевски, кога премиерот ќе собере храброст за ваков јавен настап, објави СДСМ.
Слично

Поврзани вести