Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановски: Сите ќе може да учествуваат во креирањето на новите законски решенија

Ивановски: Сите ќе може да учествуваат во креирањето на новите законски решенија
Сите институции, физички и правни лица, ќе може да се вклучат во креирањето на новите предлог закони преку дискусија, нудење предлози и содржини, со цел квалитативно да влијаат врз донесувањето на новите законски решенија. Ова е предвидено со новините од надградбата на Единствениот национален електронски регистар на прописи, веб порталот ЕНЕР, што денес ги презентираше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски Измените и надградбата се направени со цел на засегнатите страни да им се даде корисна и практична алатка за нивно континуирано учество во процесите на донесувањето на регулативата. „Понудени се нови современи и практични модули, меѓу кои : едноставна регистрација и упатства за користење, нова систематизација на прописите, согласно категоризацијата која се користи од Службениот весник на Република Македонија, системско конфигуриран период на автоматска објава на коментар, со што ќе се  овозможи поголема ажурност на навремено објавување на коментари, потоа поставување на бројчаник со јасно прикажување на денот и часот на завршување на процесот на консултација, што ќе овозможи поголема сигурност кај јавните корисници во кој временски период ќе може да ги испратат своите коментари, како и воведување нови линкови“, нагласи министерот Ивановски. ЕНЕР е воведен во 2009 година, а во 2012 година, се спроведе неговата прва надградба.
Слично

Поврзани вести