Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановски: Потенцијалот на човечкиот капитал на Македонија е голем

Ивановски: Потенцијалот на човечкиот капитал на Македонија е голем

Денеска на конференција во Скопје менаџери за човечки ресурси во македонски компании, странски консултанти и владини претставници разговараат за начините за создавање човечки капитал што ќе одговори на потребите за развој на организациите во услови на постојани промени.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, и државните и приватните организации треба да го прилагодат начинот  на функционирање и водење бизнис на новите генерации кои не познаваат свет без користење на современите информатичко-комуникациски технологии.

- Целта е да се овозможи на креативните индивидуи да работат во околина што им е позната ним. Треба да направиме нова околина во која ќе им овозможиме со користењето на овие технологии да работат поефикасно и нивната креативност да излезе повеќе на виделина со цел да ги услужиме граѓаните во време кога постојано има барања за нови услуги, изјави Ивановски.

Според Ивановски потенцијалот на човечкиот капитал на Македонија е голем и најефикасно може да се искористи за развој и унапредување на целото општество преку креирање соодветни структури во организациите и изнаоѓање соодветни системски решенија, кои ефикасно ќе одговорат на предизвиците во турбулентните времиња.

Христина Лозановска, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси, укажа дека е неопходно е да се подобрат условите за работа внатре во организацијата не само во приватниот, туку и во јавниот сектор.

- Со јавно приватно партнерство би требало да се постигнат ефекти за унапредување на професијата,  а тоа е во правец на создавање човечки капитал од целиот потенцијал со којшто располага  земјата. Компаниите и организациите да создадат човечки капитал кој ќе одговори на потребите на таа организација. Значи, наменски да се делува и со едукација и со градење организациска култура, што ќе биде поддршка на приоритетите на организацијата, изјави Лозановска.

Слично

Поврзани вести