Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ивановски: Имаме потреба од развој на широкопојасен интернет

Ивановски: Имаме потреба од развој на широкопојасен интернет
Информациско-комуникацискиот сектор учествува со пет проценти во европскиот БДП и придонесува со повеќе од 50 проценти во растот на продуктивноста. Развојот на тие технологии е предусловен од развојот на широкопојасниот интернет кој е основниот елемент за градење на секоја вмрежена економија. Според Светската банка за секој 10 проценти раст на пенетрација на бродбенд одговара од 1 до 1,5 проценти економски раст во државата, изјави  во своето обраќање на отворањето на дводневната конференција за широкопојасен интернет во ЈИЕ  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Според Ивановски, како што барањата за информациско-комуникациски импликации, услуги и содржини стануваат се поголеми и пософистицирани така расте и потребата од се побрз широкопојасен интернет. Тоа, појасни, предизвика интернет-сообраќајот да се удвојува на секои 2-3 години, а тесните грла во инфраструктурите да станат реална пречка за натамошниот развој на општеството. Ивановски истакна дека првенствено е потребна нова регулаторна рамка што ќе поттикнува и промовира ефикасна конкуренција, инвестиции и иновации, особено во насока за воведување следни генерации бродбенд мрежи, а притоа таа рамка мора да обезбеди инвеститорите да добијат фер услови за поврат на нивната инвестиција. Според ЕБРД, зголемување на брзината на бродбендот за двапати обезбедува Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски, Македонија ќе ги почитува препораките од ЕУ со цел да создаде стабилна околина за развој на широкопојасниот интернет. - АЕК има должност да создаде услови за развој на бродбендот и тука фокусот е ставен на највисоко ниво. Стратегијата за периодот 2012 – 2016 година овозможува фер услови за сите играчи на теренот на широкопојасниот интернет, рече Ордановски и додаде дека целта е Македонија да се приклучи кон дигиталната агенда на ЕУ 2020 година бидејќи развојот на бродбенд технологијата значи генерален развој на државата. За регионот на ЈИЕ, според Петар Статев од бугарскиот ИКТ-кластер, клучно прашање е дали ќе биде само корисник на глобалниот пазар или, пак, ќе креира и продава свои апликации и решенија. Тука е додадената вредност за нашите општества и за сите нас, нагласи Статев, оценувајќи дека и Македонија, Бугарија, Црна Гора и останатите земји имаат доволно искуство и паметен кадар да изградат решенија и да направат пробивање на светските пазари.
Слично

Поврзани вести