Ивановски: Ако Вељаноски е паметен, ќе го прифати планот за штедење
„Вељаноски е делегитимиран, не е Претседател веќе ако ова го дозволи. Овие криминалци на власт кои се решени да украдат, а не да создадат мора да си заминат од власт. Ако Трајко Вељаноски е паметен ќе го прифати планот за штедење, ќе се откаже од криминалот. Тоа што јавноста преку новинарите го гледа е само партиско полициски пуч. Ние ја разбираме нервозата, народот не е веќе со ВМРО ДПМНЕ. Додека седевме со Ставревски на координација, тој вчера тајно од ден за ден им вртел на фирми и банки, за на непостоечка аукција да земе 100 милиони евра...или 125 милиони евра за само 7 дена.
До кога овој народ ќе плаќа нечиј криминал“, праша Игор Иванов од опозиционата СДСМ, по затварањето на работата на законодавно правната комисија.
Слично
