Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов за Курбан Бајрам гостин на Реис Сулејман Реџепи во ИВЗ

Иванов за Курбан Бајрам гостин на Реис Сулејман Реџепи во ИВЗ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, присуствуваше на приемот по повод верскиот празник Курбан-бајрам, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи. - Mакедонскиот претседател со своето традиционално присуството на прославите на муслиманските празници и средбите со претставниците на ИВЗ, испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот. Честитајќи го празникот, претседателот Иванов изрази очекување дека припадниците на исламската верска заедница, како нераскинлив дел од македонското општество, и понатаму ќе бидат активни чинители во градењето на соживот во Република Македонија. На приемот присуствува и премиерот Емил Димитриев. Честитки за големиот муслимански празник испратија сите политички партии и субјекти во Република Македонија.
Слично

Поврзани вести