Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Враќање на политичкиот дијалог и разрешување на меѓуетничките фрустрации

Иванов: Враќање на политичкиот дијалог и разрешување на меѓуетничките фрустрации
„Жалам што во моето второ годишно обраќање годинава пред Собранието не присуствуваат сите народни избраници кои добија мандат да ги претставуваат граѓаните и нивните интереси. Со тоа што ги оставија своите места во овој дем на демократијата, празни ги оставија и непретставени граѓаните од кои беа избрани. Празните места во Собранието не може да ја претстават волјата на граѓаните“, порача денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците. Тој повика клучни во 2015 година да бидат враќањето на политичкиот дијалог како и разрешување на фрустрациите во меѓуетничките односи кои меѓу другото се одраз и на оспорувањето на нашето име, идентитет и јазик, како и на состојбите во регионот. Иванов истакна дека пред 7 месеци ги поканил политичките лидери да разговараат за интересите на државата но дека тие сè уште не се одѕвале на поканата, која нагласи дека е сè уште отворена. „Да се одбие разговор за интересите на државата за мене е израз на крајно неодговорно политичко однесување. Затоа, на оние кои денес не се тука, сакам да им порачам дека политичкиот дијалог не е израз на слабост, туку израз на политичка зрелост“, додаде тој. Иванов потсети дека иднината на Македонија е во НАТО и во Европската унија но дека  блокадите на нашето членство предизвикуваат фрустрации во македонското општество, нестабилност во политичкиот живот и тензичност во меѓуетничките односи. „Откако во 2005 година станавме земја-кандидат за членство во Унијата, Европскиот совет не успеа да најде начин да ги започне преговорите за членство со земјава“, истакна Иванов и нагласи дека двојните стандарди со кои сме соочени не можат да ја победат вистината, потсетувајќи дека во историјата сме минале низ многу премрежја. Шефот на државата нагласи дека Македонија продолжува да се води од принципот на отвореност кон сите, и таа не е само декларативна, туку и конкретна, дека води политика на отвореност кон сите кои со неа сакаат да соработуваат. Тој побара од македонската дипломатија да биде максимално активна исто како што се тој, премиерот и министрите.
Слично

Поврзани вести