Иванов утре тргнува за Русија
Шефот на државата Ѓорге Иванов утре ќе замине во посета на Русија, во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Според најавите, предвидено е во Москва, тој да ствари средба со Патријархот на Руската Православна Црква, г.г. Кирил и да го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“, каде на покана на универзитетот ќе одржи предавање. Реномираниот универзитет „Ломоносов“ на Иванов ќе му ја додели титулата Почесен професор.
Во рамки на церемонијата, претседателот Иванов ќе ги одликува Евгениј Суханов, шеф на катедрата за граѓанско право при московскиот државен универзитет „Ломоносов“, со Орден за заслуги и Елена Верижникова, водечки специјалист по македонски јазик во Русија, со Медал за заслуги, за нивниот придонес за унапредувањето на македонско-руските односи
За време на престојот во Москва, македонскиот претседател ќе го посети саемот „Продекспо“, каде е најавено учество на македонски компании.
Иванов требаше да отпатува за Русија уште вчера и најпрвин во Сочи да присуствува на отворањето на Зимските олимписки игри, како и на свечениот коктел што го организираше рускиот претседател Владимир Путин.
Сепак, патувањето беше откажано во последен момент, откако при полетувањето бил откриен сериозен дефект на државниот авион. Сега за Москва иванов ќе патува со комерцијален лет.
Слично
