Иванов тврди дека двајца лидери на партии имале закани за ликвидација
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов во интервју со главните уредници на медиумите во земјава, кажа дека имал информации дека двајца лидери на политички партии имале закани за физичка ликвидација.
Иванов од странски разузнавачки служби ги добил информациите за тоа кои лица и за кои дела да ги аболицира. Шефот на државата објасни дека аболицијата е со цел да ги смири тензиите на политичката сцена, за да можат да се одржат фер избори.
Иванов вели дека се обидувал да свика лидерска средба, но лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев барал од него гаранции дека нема да биде уапсен.
Слично
