Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов со обвинувања до Европа и Германија, тие негираат вина

Иванов со обвинувања до Европа и Германија, тие негираат вина
Претседателот Ѓорге Иванов остро ја нападна Европската Унија и Германија за односот кон Македонија и бегалската криза. Во интервју за германски „Билд“ потенцира дека  Македонија е напуштена и дека како транзит зона трпи големи штети од кризата. За фактот дека Турција ќе добие парична помош од ЕУ, Иванов  одговара дека ова не е прв пат Македонија да биде напуштена од Европската Унија. Тој ја критикува и Германија од каде била побарана помош во опрема за земање биометриски податоци, но не било одговорено на овие барања. Иванов ја обвини и Грција дека не ја контролира бегалската криза, туку само ги пренасочува бегалците и таа ќе добие 700 милиони евра од ЕУ. Германија ги отфрли обвинувањата на Иванов. Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт кажа дека Германија со голем ангажман работи на стабилизирање на западнобалканските држави, а за Македонија ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година става на располагање 664 милиони евра. Македонија од ЕУ има добиено 52 милиони евра за згрижување на бегалците, додава портпаролот.
Слично

Поврзани вести