(ВИДЕО) Иванов: Сликата за Македонија ја градиме сите заедно
„Сите ние сме различни, но суштински сме еднакви. Секој од нас придонесува кон создавањето на сликата која другите ја имаат за нашата татковина Македонија“, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во своето новогодишно обраќање.
Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас. Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. На прагот на новата година благодарни сме на сите граѓани кои нѐ израдуваа, охрабрија и нѐ поттикнаа на добри мисли и добри дела, вели Иванов во своето новогодишно обраќање кое во целот ви го пренесуваме во продолжение.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=hpPvTwiBIKU[/embed]
Слично
