Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов школува млади лидери, Заев ќе школува млади социјалдемократи

Иванов школува млади лидери, Заев ќе школува млади социјалдемократи
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори првата политичка академија за младите социјалдемократи кои ќе се посветат во политичкиот живот на локално и државно ниво. Како што информира Заев, локалниот едукативен центар има за цел промовирање на социјалдемократските вредности, со посебен акцент на младите социјалдемократи. - Тоа значи нивно политичкото дообразование, унапредување на досега стекнатото знаење и вештини, осмислување на партиски стратегии, теренска кампања, медиумски настапи, како и промовирање и афирмирање на целокупниот партиски потенцијал и можности – изјави Заев најавувајќи дека слични академии ќе се отворат и во другите градови.
Слично

Поврзани вести