Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов:Секој што сторил криминал ќе одговара, има начин

Иванов:Секој што сторил криминал ќе одговара, има начин

Претседателот Ѓорѓе Иванов на денешното интервју со уредниците одговори дека секој што сторил криминал ќе одговара и за тоа има начин.

Aко некој навистина не сака да биде помилуван, треба да достави писмено барање до неговиот кабинет и ќе се најде правен основ одлуката да биде укината.

„Нека го достават писмено, да дојде во архива, ќе ги собереме правниците, ќе најдеме начин, ако сме погрешиле кон нив, ако сме згрешиле, да се најде начин тоа да се избрише, да се најде правен основ“- вели  Иванов.

За забелешките од меѓународниот фактор дека со одлуката за аболиција се загрозува владеењето на правото, Иванов рече дека тоа е цинично од нивна страна.

„И сега нам ќе ни зборуваат за владеење на правото, а кога ние треба да го користиме тоа право, за нас не важи. Точно е, се доведува во прашање владеењето на правото во земјава, но кажувам, никој не може да спречи, по одржувањето на слободните избори и конституирањето на институциите да поведе постапка за кого било, па и за мене“- објаснува претседателот.

Тој вели дека дел од амбасадорите ги пречекориле своите овластувања, но не кажа конкретни имиња.

Само уредниците на телевизиите Алсат-М и Телма денеска не учествуваа на групното интервју.

Слично

Поврзани вести