Иванов прв зборувал со Венизелос за името
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос престојува во Скопје во функција на претставник на земјата-актуелен претседавач со ЕУ, но според официјалните соопштенија, со неговиот македонски колега Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими воопшто не разговарал за спорот околу името.
Во разговорите станало збор за претседателството на Грција со ЕУ и за економската соработка. Прв кој на Венизелос му ја споменал најболната точка во билатералните односи бил шефот на државата Ѓорге Иванов.
Според официјалното соопштение од претседателскиот Кабинет, Иванов побарал од шефот на грчката дипломатија Атина да овозможи паралелно преговори со ЕУ додека трае решавањето на спорот околу името.
„Решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ООН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“, му порачал македонскиот претседател на министерот Венизелос, дополнувајќи дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
„Не доликува на две европски соседни земји во 21 век да не комуницираат на највисоко политичко ниво. Меѓу нашите земји има огромни можности и потенцијали за соработка во сите сфери од заемен интерес“, додал Иванов, кој ја повторил отворената покана за посета на грчкиот претседател на Република Македонија.
Нема информации што на ова одговорил Венизелос. Во текот на посетата на Скопје, шефот на грчката дипломатија до сега постојано одбива да одговори на прашањата на новинарите. Попладнево Венизелос ќе се сретне и со македонскиот премиер Никола Груевски.
Решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ООН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“, му порача македонскиот претседател на министерот Венизелос, дополнувајќи дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
Слично
