Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов пред пратениците – ВМРО ДПМНЕ го поддржа, СДСМ го виде, албанскот блок го игнорираше

Иванов пред пратениците – ВМРО ДПМНЕ го поддржа, СДСМ го виде, албанскот блок го игнорираше
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов го имаше своето традиионално годишно обраќање пред пратениците. Неговиот говор наиде на различни реакции, од силна поддршка од ВМРО ДПМНЕ, до изјави оти ова се празни зборови на СДСМ.  Дел од албанскиот политички блок ја напушти салата, побараа консензуален претседател. Од СДСМ обраќањето, го протолкуваа како крај на мандатот на Иванов, во манирот ,  има слика, нема тон. Како што изјави координаторот на оваа пратеничката група, Игор Ивановски, претседателствувањето на Иванов било диригирано од Владата. Ова , додава тој, се отсликува во неговиот говор. „Невозможно е да се коментира говор каде нема ништо содржински и конретно, или да се коментира претседател на Македонија кој самиот ја девалвираше функцијата претседател на државата. Тој свесно и по налог на неговиот шеф и патрон, Никола Груевски ја девалвираше и маргинализираше функција претседател и одлучи да биде диригиран од страна на Владата. И денес како во изминатите пет години не даде одговор на клучните прашања“, изјави Ивановски. Според него, Иванов не ги споменал кучните прашања како криминалот,  корупцијата, партизираноста на судството, притисокот над медиумите, но и поделбите во државата по сите основи. Од ДУИ пак се децидни, нема да го поддржат Иванов за втор претседателски мандат. Како што изјави Неџати Јакупи, тој не ги исполнил очекувањата на Албанците. Најави и дека ДУИ ќе инсистира на консезуален избор на нов претседател. Партиите на Албанците ваквите пораки ги испратија и со тоа што не дојдоа во Собранието за време на претседателското обраќање. Според Наџи Џелили од НДП, Иванов и во последниот говор од мандатот останал доследен на тоа дека е претседател само на една политичка партија. Спротивен став пак имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. За него неприсуството на албанските пратеници не е позитивен сигнал. „Сметаме дека се работи за еден чесен и морален политичар, којшто држи до своите принципи особено кога станува збор за националните прашања, кои се меѓународен предизвик на нашата држава. Она што на домашен план може да се каже за неговата работа и за годишното обраќање, што е своевиден извештај, одлика на неговото работење е отвореност во извршувањето на функцијата претседател на Република Македонија, за што сведочи неговиот секојдневен настап, комуникација со граѓаните и со сите политички чинители во земјата“, истакна Милошоски. Иванов: Достојно ја претставував државата Во своето обраќање македонскиот претседател истакна дека во неговиот мандат е зацврстен меѓународниот углед на Македонија и економската состојба. Реформите потребни за евроатланската интеграција на Македонија, посочи тој,  беа водилка во мојата работа од моментот кога го преземав мандатот. „ Во 2009 година, во моментот кога ја преземав должноста претседател, на надворешнополитички план, Република Македонија сè уште закрепнуваше од неправдата од Букурешт. Оптимизмот со кој го очекувавме нашето заслужено членство во НАТО се претвори во огромно разочарување. Но, за неполни пет години работите се сменија, затоа што не потклекнавме и не прифативме непринципиелни ултиматуми“, истакна Иванов. Во однос на процесот на членство на Македонија во Европската Унија, тој смета дека целиот негов мандат е проследен со позитивни извештаи од Европската комисија за напредокот на земјава.
Слично

Поврзани вести