Иванов повторно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата
Вкупно 1.099 од 1.236 делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ го избраа Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на оваа партија. Иванов, победи во прв круг од гласањето со огромно мнозинство гласови пред неговите противкандидати: универзитетскиот професор Јове Кекеновски, кој освои 124 гласа, магистерот на науки Божидар Ночев доби еден, а адвокатот и поранешен јавен обвинител Ставре Џиков десет гласа од делегатите на Конвенцијата. Две гласачки ливчиња беа наважечки.
„Благодарам што по вторпат ми ја дадовте довербата за оваа највисока функција да ја претставувам државата и граѓаните на Република Македонија. Дозволете да им искажам должна почит на противкандидатите. Покажаа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ во секој момент има не еден, туку четири кандидати за секоја најодговорна функција“, рече Иванов и побара обединетост и сполотеност на претстојните претседателски избори.
Во својата програма што ја презентираше пред делгатите, досегашниот шеф на државата побара уште еден мандат со образложение дека ќе се залага за јасна црвена линија во спорот околу името (неменливост на уставот и почитување на националниот идентитет), членство на Македонија во НАТО и ЕУ, економски просперитет на државата.
Лидерот на партијата Никола Груевски на стартот од конвенцијата ги повика делегатите да гласаат за кандидатот на кого најмногу ќе му веруваат.
„Ни треба човек за претседател кој по изборот ќе биде обединувачки фактор во земјата, ќе се грижи за сите граѓани подеднакво. Потребна е стабилна личност , која во клучни моменти ќе знае да повлече мудри потези“, порача Груевски.
Иако има можност претседателскиот кандидат да го предложи со поддршка од 30 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ сепак од попладнево собира 10.000 граѓански потписи за поддршка на Иванов.
Фото:МИА

Слично