Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов повика за транспарентно постапување на надлежните државни органи

Иванов повика за транспарентно постапување на надлежните државни органи

Во врска со последните случувања во земјава поврзани со аферата „Прислушување“ денеска претседателот Иванов на средбата со началникот на Генералштабот Горанчо Котески каде началникот требаше да реферира за безбедносната состојба во земјава, избегна да одговори на прашањата на новинарите на кои не им беше дозволено да поставуваат прашања.

Тој се обрати преку писмена изјава во која пишува дека ја  изразува неговата поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела.

„Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија. Како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството. Истите мора да се решаваат по институционален пат. Улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и државата. Во остварувањето на оваа улога ја имаат мојата целосна поддршка“, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.

Слично

Поврзани вести