Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија

Иванов: Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија
Македонија сака со сите соседи, вклучително и Бугарија, да има отворени и искрени односи, изјави претседателот Ѓорге Иванов во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС. Тој порачува дека државите, преку меѓусебна соработка, мора да се прилагодат на заканите што ги носи динамичниот свет во кој живееме. „Ние во државите како да сме застанати во 20 век и робуваме на бирократски процедури, на протоколи, договори. Едноставно мора да сфатиме дека живееме во 21 век, кога младите луѓе немаат време да чекаат по граници, немаат време да чекаат дозволи. Сакаат да го живеат животот како што доликува на луѓе од 21 век. Посакувам Бугарија да биде најголемиот поддржувач на Македонија, што се вели да ја прегрне Македонија. Ние барем немаме јазична бариера. Имаме многу отворени прашања од минатото, но не можеме да ја смениме историјата. Не можеме да ја смениме ни географијата. Ќе останеме вечно соседи. Ние сме реалност. Веќе 25 години сме независна држава“- кажа Иванов во интервјуто за БГНЕС. Иванов истакна дека има редовната комуникација со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев и бугарскиот премиер, Бојко Борисов за случувањата поврзани со бегалската криза. Според Иванов, кризата е приоритет и двете земји мора да соработуваат и да покажат дека се организирани држави кои ги чуваат своите граници. Дал предлог полицијата и армијата да направат заедничка контрола на границата од Кулата, преку Беласица до Кожуф, да го видат тој терен и да направат показна вежба. Тој предупреди дека со затворањето на балканскиот коридор, се отвора можноста за формирање на нови рути преку Бугарија и Албанија, со цел мигрантите да стигнат до Европа.  
Слично

Поврзани вести