Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВ ПОД СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК: Сите бараат повлекување на аболицијата!

ИВАНОВ ПОД СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК: Сите бараат повлекување на аболицијата!

Уште еден повик на адреса на претседателот Иванов од Стејт департментот во САД.

Повторно се бара Иванов да ја повлече одлуката за аболиција .

„Ние и Европската Унија ја искажавме нашата загриженост за важноста од веродостојни избори во Македонија. Времето е кусо. Остана уште многу да се направи“.

На редоведовниот прес брифинг во Стејт Департментот директорката на прес-канцеларијата Елизабет Трудо се повика на претходните официјални изјави на претставници на САД и повика  претседателот Иванов да ја повлече одлуката и да им дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да си ја вршат својата работа.

Претставници на ЕУ изјавија дека се разгледуваат и насочени санкции, вклучувајќи и забрани за патување.

„Ние сме исклучително загрижени за кусогледноста на актуелната влада. ЕУ е подготвена да ја разгледа можноста за воведување санкции против политичарите кои спречуваат решавање на кризата во Македонија и ја движат земјата кон меѓународна изолација“, изјавија европски дипломати.

Наметнување на сличен тип санкции против лидерите на земја кандидат за член на ЕУ ќе биде преседан. Сите 28 земји од Унијата ќе треба да ги донесуваат овие мерки едногласно.

Брисел најверојатно ќе ја повлече поканата кон Македонија за учество во важни самити во јули, вклучувајќи состанок на НАТО во Варшава и на Западен Балкан во Париз, ако ситуацијата не се подобри.

Претставници на ЕУ велат дека фер избори на 5 јуни се уште се „хипотетички“ можни, но само ако амнестијата биде повлечена и бидат изготвени коректни списоци со имињата на избирачите.

Иванов го најави помилувањето на 12 април, велејќи дека специјалното обвинителство се користи за политички цели и амнестијата ќе помогне за помирување. Таа се однесува на претставници на владејачката, и на опозициската партија.

Чекорот на Иванов ги шокираше претставниците на ЕУ кои го опишаа како „директен напад против владеењето на правото“ и сериозно прекршување на договорот од минатата година. Владејачката партија изрази „длабоко разочарување“ кон активностите на претседателот неколку часови по одлуката.

Слично

Поврзани вести