Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов победи со 136 илјади гласа пред Пендаровски

Иванов победи со 136 илјади гласа пред Пендаровски
Актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов доби уште еден  мандат на претседателската функција, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, која ги преброи речиси сите 100% од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори. Според нив, Иванов освоил 534.154 гласа, додека неговиот противкандидат Стево Пендаровски од СДСМ - 398.008 гласа. Пендаровски успеал да го победи Иванов во десет општини, додека во сите останати мнозинството гласови отишло кај Иванов. На вчерашниот втор круг од претседателските избори на гласање излегле 54,33% од избирачите запишани во избирачкиот список, со што беше надминат потребниот цензус од 40% за успешност на изборите. Иванов доби нов петгодишен мандат, кој започнува да тече по инаугурацијата следниот месец.
Слично

Поврзани вести