Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов побара деблокада на евроатланските интеграции

Иванов побара деблокада на евроатланските интеграции

На денешната средба со амбасадорите на  САД, ЕУ, ОБСЕ, Р. Турција и претставникот на НАТО во Република Македонија претседателот Ѓорѓе Иванов ги информирал соговорниците за  вчерашната седница на Советот за безбедност, при што беа разменети информации и мислења за последните случувања во Куманово и безбедносната состојба во Република Македонија.

Тој посочи дека се дадени конкретни насоки за соодветно постапување на сите институции на безбедносниот систем, со цел да се спречи евентуално ескалирање на тензиите и дестабилизација на државата, информираат од кабинетот на претседателот.

Тој од претставниците и амбасадорите уште еднаш побара поддршка од меѓународната заедница во интерес на стабилноста на Република Македонија, како и стабилноста и безбедноста на целиот регион и побара максимални напори со цел деблокада на евроатланските интеграции.

„Последните политички случувања во државата се резултат, покрај другото и на долготрајната статус кво ситуација во однос на евроатлантските интеграции, која остава простор за најразлични обиди за дестабилизација и за разни видови шпекулации. Затоа е потребно“, порача претседателот Иванов. Иванов исто така побара засилен ангажман и соработка од страна на сите меѓународните фактори во Република Македонија. Соговорниците ја поздравија вчерашната седница на Советот за безбедност, како и поканата и присуството на претставници од релевантните политички партии, и посочија дека во моментов е неопходен политичкиот дијалог, со цел да се надминат предизвиците со кои се соочува Република Македонија.

Слично

Поврзани вести