Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов оствари средба со претставниците од контра – пленумот

Иванов оствари средба со претставниците од контра – пленумот
Граѓанската иницијатива за поддршка на владините реформи во високото образование денеска оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, пред кого ги образложи своите лични, но и ставовите на потписниците на Иницијативата во врска со актуелните реформи во високото образование. Според нив државниот испит не е најдобро решение, но е прв механизам кој треба да се воведе во високото образование. Професорите Татјана Каракамишева и Владимир Камиловски изразија жалење оти нивните колеги од Професорскиот пленум не ја прифатиле поканата на претседателот за заедничка средба и велат дека не се за поделби, туку се залагаат за констуктивен дијалог. „Не сме за поделби ниту ги поддржуваме поделбите, напротив сметаме дека уште еднаш е испуштена шансата со професорите од професорскиот пленум да седнеме и да ги разгледаме различните ставови. Меѓутоа што е тука е. Ние и понатака констукивно ќе се однесуваме во процесот како одговорни чинители во високообразовниот систем и сметам дека целосно ќе бидеме посветени констуктивно да се изнајдат решенија за сите засегнати страни, а посебно во интерес на квалитет на високо образование, студентите и државата како земја-кандидатка за членство во Европската Унија“, истакна професорката Татјана Каракамишева. Промени за подобар квалитет во високото образование побараа и двајцата претставници на студентите- подржувачи на граѓанската иницијатива . Професорскиот пленум по вчерашната  средба од претседателот Иванов побара да го искористи правото на вето доколку законот добие зелено светло од Собранието. Тие одбиваат средба со претставниците на граѓанската иницијатива бидејќи ваквата средба закажана ист ден со седницата во собрание е беспредметна. „Нема потреба од таква средба, бидејќи не постојат спротивставени мислења во однос на потребата од реформи во високото образование. Единствената разлика е што досега ни факултетите ниту Интеруниверзитетската конференција не добиле аргументи и мислења кои би ги поддржале јавно истакнатите ставови на Граѓанската иницијатива“, велат од професорскиот пленум. Законот за високо образование утре ќе се најде во финална фаза на гласање на пленарна  седница пред пратениците. Во пресрет на седницата, ректорската управа на УКИМ на вонредна седница уште еднаш го потврдила ставот дека е потребно повлекување на законот. Од Студентскиот пленум најавија протест за утре пред Собранието на РМ во 11 часот за, како што велат од Пленумот да им дадат аплауз на пратениците кои ќе ја истрчаат последната трка за лошите реформи во високото образование.  
Слично

Поврзани вести