Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ноќеска решава – да се кандидира или не за втор мандат?

Иванов ноќеска решава – да се кандидира или не за втор мандат?
Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе соопшти дали има намера да се кандидира за втор мандат на претседателската функција. Иницијативата за повторно кандидирање на Иванов стигнала до ВМРО-ДПМНЕ, па сега се очекува само Иванов да каже дали е подготвен за уште една претседателска трка, велат од владејачката партија. Кандидирањето на Иванов за уште еден мандат стана поизвесно денеска, откако на граѓанската петиција за негова поддршка се потпишаа и високи партиски функционери во владејачката партија. Меѓу потписниците се и министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, пратеникот и поранешен шеф на дипломатијата Антонио Милошоски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, Ивица Коневски, Горан Трајковски, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, Весна Јаневска…
„Мојот потпис за Претседателот Иванов е потпис за моралност во политиката, за принципиелност во националните интереси, лојалност кон државата и традиционалност кон семејните вредности!“, напиша Милошоски денеска на Фејсбук.
Претходно, свој потпис на иницијативата ставиле професорот и дипломат Љубиша Георгиевски, академиците Цветан Грозданов, Томе Бошевски, докторите Аспасија Софијанова, Александар Караѓозов, Борче Георгиевски, Марија Хаџи Лега, Андон Чибишев, и Звонко Миленковиќ, како и други личности од јавниот и општествениот живот. Одлуката на Иванов ја очекуваат од ДУИ, од каде што велат дека испраќаат последен апел до коалицискиот партнер да се изјасни дали го прифаќа нивниот предлог за консензуален претседателски кандидат за партијата на Ахмети да реши дали ќе поднесе иницијатива и за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Од ДУИ претходно се изјаснија дека не го поддржуваат Иванов за уште еден мандат.
Слично

Поврзани вести