Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ниту побарал, ниту добил информации од СЈО за помилуваните

Иванов ниту побарал, ниту добил информации од СЈО за помилуваните

Од специјалното јавно обвинителство велат дека претседателот Ѓорге Иванов ниту побарал ниту пак добил податоци од нивната институција.

Специјалната обвинителка Ленче Ристовска истакна дека СЈО не знае како податоците за кои водат постапки завршиле во рацете на Иванов, но изјави и дека некои од аболицираните личности се објавени, но повеќето не се затоа што за нив се води предистражна постапка, а таа по закон е тајна.

Токму за ова прашање: Од каде претедателот ги добил информациите кој се ќе биде обвинет беше запрашан Иванов на средбата со претставници од медиумите.

Тој рече дека има „тајни“ механизми да дознае кој се ќе биде обвинет, за да го аболицира.

„Кабинетот на претседателот има комисија за помилување, составена од правници кои имаат пристап до такви информации. Претседателот има свои начини како да дојде до потребните  информации“, одговори Иванов.

Слично

Поврзани вести