Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов:Неопоходни ни се избори, граѓаните да ги казнат тие што треба

Иванов:Неопоходни ни се избори, граѓаните да ги казнат тие што треба

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов на денешното интервју со уредниците од повеќе медиуми кажа дека изборите се можност да се наградат успешните и да се казнат неуспешните.

Ги повика сите луѓе со добра намера да помогнат за помирувањето. После изборите ќе ни претстои долг период на прочистување, смета Иванов.

На прашањето дали на 5 јуни Македонија ќе влезе во подлабока криза ако опозицијата не учествува на избори, тој е категоричен дека одговорноста за тоа ќе биде на партиските лидери.

„Лидерите презеле обврска за слободни и фер избори. Тоа што го прифатиле мора да го исполнат, но ако има резерви или се промениле условите, им стојам на распологање да ги користиме уставот и законите, а не улиците. Улиците се за да се искаже незадоволство, а не насилство“ – вели Иванов.

Тој објаснува дека улицата не е решение, а избори и се неопходни на земјата.

„Неопоходни ни се избори. Граѓаните добро знаат кој не смее да добие доверба. Ни требаат нови луѓе, еве видете го примерот на ДУИ. Ни требаат нови луѓе кои треба да го променат овој амбиент. Се што сум направил е за да имаме фер, слободни и демократски избори за граѓаните да ги оценат па и да ги казнат тие што треба. А после изборите секој има начин да одговара за се што направил“ – рече тој.

Иванов одговараше на прашања за аболицијата, за политичката криза, за немирите од вчера.

Слично

Поврзани вести