Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов:Неопходен е континуиран ангажман во мировните процеси

Иванов:Неопходен е континуиран ангажман во мировните процеси

Република Македонија е подготвена да биде вклучени во процесите на градењето мир во светот, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на Светскиот хуманитарен самит, кој се одржува денеска во Истанбул, во организација на Обединетите Нации.

Неопходен е континуиран ангажман во мировните процеси, што ќе овозможи трајно решавање на конфликтите, додава Иванов. Тој истакна дека конфликтите се шират и продлабочуваат побргу отколку што се решаваат и отстрануваат.

„Агендата за хуманост има за цел ставање крај на страдањата со кои се соочуваат милиони. Република Македонија силно ја поддржува оваа агенда и повикува на храбро политичко лидерство. Имаме најчесто задоцнета дијагноза, со реактивни, наместо превентивни мерки, со краткорочни и болни одлуки, наместо долгорочни и побезболни решенија“ - рече Иванов.

Поради ова, порача шефот на државата,  потребен е нов пристап кон превенцијата и мировните решенија.

Иванов вели дека Република Македонија, како земја-кандидат за членство во Европската Унија, се приклучува кон изјавата и позициите на ЕУ, според кои, потребно е изнаоѓање на политички решенија за актуелните конфликти.

Слично

Поврзани вести