Иванов нема да ги помилува затвореничките, ги упати на редовна процедура
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов нема да ги помилува затвореничките од затворот Идризово.
Во допис испратен во затворот Идризово им пишува на затвореничките дека помилувањето на 56 политичари и нивни соработници, ја донел за доброто на граѓаните и било гаранција дека до денот на изборите партиите и нивните подржувачи нема да влијаат на изборниот процес.
Во писмото Иванов им порачува на жените да побараат помилување преку судовите односно според редовната законска процедура, но не знае како да ги отповика помилувањата дадени за политичарите. Вкупно 105 жени затворенички од понеделник се подготвуваат на штрајк.
Тие бараа по одлуката за аболиција, Иванов и нив да ги помилува.
Слично
