Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВ: Не-политичарите кои сакаат нека побараат повлекување на аболицијата

ИВАНОВ: Не-политичарите кои сакаат нека побараат повлекување на аболицијата

Официјално барања да поднесат за повлекување на аболицијата оние кои не се политичари.

Ова денеска го повика од Софија претседателот Иванов кој рече дека очекува  тие кои не се политичари а се дел од таа листа, согласно роковите во законот да ги поднесат своите барања и да им се овозможи тоа што го бараат, да им се повлече помилувањето.

Претседателот ја повлече одлуката за аболиција само на 22 лица.

Имено, официјалната листа вели дека  претседателот Ѓорге Иванов ја поништи аболицијата за двајцата политички опоненти  Никола Груевски и Зоран Заев, потоа поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски се дел од лицата чии имиња се објавени во Службен весник за кои претседателот Ѓорге Иванов ја поништи аболицијата.

На официјалната листа може да се прочитаат и имињата на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК, Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ.

Потоа следуваат поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и Бранко Палифров, директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски, високиот функционер во МВР, Тони Јакимовски, како и членот на општинската изборна комисија во Чаир, Исмет Гури.

Како што споменавме Иванов ја поништи аболицијата но само делумно.

На 12-ти април тој амнестираше 56 лица. Иванов ги повика сите останати кои сакаат да им биде поништена амнестијата да поднесат барање за тоа.

Слично

Поврзани вести