Иванов не ги послуша партиите: Нема повлекување на одлуката за аболиција!
Во краткото обраќање до јавноста, претседателот Иванов соопшти дека нема да ја повлече донесената одлука за аболиција.
И покрај барањата од политичките партии Ѓорге Иванов останува на ставот дека оваа одлука ја донел со цел да се излезе од политичката криза.
Иванов ги повика сите незадоволни од одлуката за аболиција да му испратат барање и рече истото ќе го разгледа со правни експерти за можностите.
Воедно претседателот и упати порака на меѓународната заедница да внимава како се изразува и однесува за да не биде разбрана погрешно.
СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ му испратија писма на претседателот во кои бараа од него да ја преиспита уште еднаш оваа одлука и да ја поништи.
Опозицискиот лидер во писмото побара претседателот Иванов да си даде оставка и да се повлече од претседателската функција.
