Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов на средба со досегашниот и новиот преговарач за името

Иванов на средба со досегашниот и новиот преговарач за името
Шефот на државата Ѓорге Иванов ќе се сретне со досегашниот претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името Зоран Јолевски и неговиот наследник Васко Наумовски. Во соопштението од Кабинетот на Иванов не се наведуваат повеќе детали за што ќе се разговара на средбата, но се очекува таа да биде своевидно примопредавање на должноста од досегашниот на новиот преговарач во спорот со соседна Грција. Наумовски вчера беше именуван за наследник на Јолевски на оваа позиција, непосредно пред претстојната посета на посредникот Метју Нимиц на регионот, која се очекува кон крајот на месецов. Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, сега амбасадор на Македонија во Вашингтон Васко Наумовски ќе биде нов претставник на Македонија во разговорите околу името со соседна Грција, потврдија со соопштение синоќа од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Со името на новиот преговарач за името од македонска страна се шпекулираше подолго време, откако досегашниот претставник во разговорите Зоран Јолевски беше назначен за министер за одбрана. Уште тогаш беше извесно дека за позицијата во разговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации ќе мора да се бара друго решение, а како најсериозен кандидат се споменуваше Наумовски токму затоа што тој од Јолевски ја презеде и амбасадорската позиција во Вашингтон. Со ова Наумовски станува четврти претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името. Освен Јолевски, оваа функција претходно ја извршуваа и Никола Димитров и Вања Тошевски.
Слично

Поврзани вести