Иванов на маса со Бејли и Орав, ќе се дискутира за аболицијата
Претседателот Ѓорге Иванов денеска напладне во вилата Водно ќе ги прими амбасадорот на САД, Џес Бејли, и евроамбасадорот, Аиво Орав.
Амбасадорите побараа средба пред два дена кога шефот на македонската држава соопшти дека ќе ги запре сите кривични постапки за политичари, поврзани со аферата за прислушувањето.
Меѓународната заедница и амбасадорите изразија загриженост поради одлуката на Иванов, истакнувајќи дека со тоа се доведува во прашање владеењето на правото во Македонија.
Слично
