Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов му честита на Ердоган на победата

Иванов му честита на Ердоган на победата
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов упати честитка до досегашниот турски премиер и победник на вчерашните претседателски избори во Турција Реџеп Тајип Ердоган. „Со големо задоволство ја примив веста дека турските граѓани Ви ја дадоа довербата и Ве избраа за Претседател на Република Турција. Во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, Ви упатувам срдечни честитки за изборот и искрени желби за успешно извршување на одговорната функција“, стои во честитката од Иванов за Ердоган. Во неа македонскиот претседател изразува задоволството од исклучително високиот степен на традиционални пријателски односи и соработка меѓу двете земји. „Уверен сум дека во наредниот период соработката не само што ќе продолжи, туку и ќе се интензивира во сите области од заемен интерес, за што сакам да ја повторам мојата и на Република Македонија целосна подготвеност. Би сакал да искажам благодарност за безрезервната поддршка која Република Турција и ја дава на Република Македонија на патот на евроатлантската интеграција, како и да ја истакнам длабоката увереност и очекувањето дека истата ќе продолжи и во претстојниот период“, нагласува Иванов. Ердоган по победата: „Победија и Сараево и Скопје!“    
Слично

Поврзани вести