ИВАНОВ МОЛЧИ: Помилувал осуденици во бегство, обид за убиство и разбојништва
Скандалот со помилуваните осуденици од претседателот Иванов се шири.
Освен што претседателот два пати помилувал ист осуденик за поседување оружје, според Телма, Иванов целосно ослободил од казна затвор, осуденик за разбојништво и обид за убиство. Лицето биле осудено на 12 години затвор, а со помилувањето одлежал само шест месеци.
Но, скандалот не завршува тука.
Хасиме Џемаили од гостиварско е осуденичката која Претседателот Ѓорге Иванов ја помилувал додека била во бегство и за неа била издадена потерница. Џемаили во 2006 година била осудена на 6 годишна затворска казна. Апелациониот суд и ја намалил за половина.
Телма пишува и дека во 2011 претседателот и скратил од казната уште година и пола а од кабинетот на претседателот не успеале да дојдат до одговор како е можно државата со потерница да трага по осуденик за да го донесе во затвор, а претседателот на државата дададе помилување за него.
Органите ја пронаоѓаат Хасиме Џемаили на 31 јануари 2013 година и е спроведена во идризово. Останува до март кога од Управата за извршување санкции добива 30 дена отпуст и го напушта затворот и веќе не се враќа. Од тогаш до денес е во бегство. Полицијата не открива дали сега ја бара со потерница туку упатува на судот во Гостивар. Хасиме во затворот Идризово се води како бегалец но надлежните дополнително најавија дека ќе проверат дали воопшто некој ја бара.
Иванов вчера помилува 43 затвореници по повод празникот Илинден. Меѓу нив нема ниту една жена.
