Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Македонија ја спаси Европа, а не доби ниту денар

Иванов: Македонија ја спаси Европа, а не доби ниту денар

Европската унија не е заинтересирана за Македонија, иако таа ја „спаси Европа од инвазијата на џихадисти“, кои беа подготвени да преминат преку Балканскиот пат, откако Грција одби да ги чува надворешните граници на Европската унија.

Миграциската политика на Германија и ЕУ се покажа неуспешна. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за денешниот број на „Билд“.

Жртва на овој неуспех е Македонија, која е принудена да „плати за грешките на ЕУ“. “Од гледна точка на хуманоста Германија дејствува правилно, но од гледна точка на безбедноста таа претрпе целосен крах“, категоричен е Иванов.

Тој рече дека Македонија предложила размена на информации за наводни џихадисти, но реакција не е проследена ниту од Германија, ниту од ЕУ. „Ако се потпиравме на Брисел за прашањата на безбедноста, а не на нашите сили, тогаш потоците џихадисти одамна би дошле во Европа“, истакнува Иванов.

Тој посочи дека македонските власти заплениле од мигрантите 9000 фалсификувани пасоши. Иванов истакна дека многу радикални исламисти сакале да поминат преку Балканскиот пат со овие документи.

„Македонија, која не е членка на ЕУ, ја брани Европа од членката на ЕУ, имено - од Грција“, рече тој, истакнувајќи дека Атина била подготвена да ги пропушти преку своите граница кон Европа носителите на такви лажни пасоши. Сепак, на Европа не и е до Македонија, резимира Иванов, имајќи го предвид фактот дека Грција “повторно доби 700 милиони евра од ЕУ“, а Македонија - ниту денар.

Од 2005 година Македонија е кандидат за членство во ЕУ. Земјата во која Грција прелива стотици илјади мигранти, во крајот на февруари 2016 година престана да пушта државјани на Авганистан и ги заостри контролите за пристигнување од Сирија и Ирак.

Слично

Поврзани вести